Најголемо внимание привлекува батеријата.
Со капацитет од 9.210 mAh, таа е значително поголема од она што традиционално сме навикнати да го гледаме кај смартфоните. Во зависност од начинот на користење, траењето на батеријата може да достигне до три дена со едно полнење.
Тоа не значи дека секој корисник секогаш ќе добива идентичен резултат, но значи дека телефонот располага со сериозна енергетска резерва.
Полначот веќе мора секогаш да го носите
REDMI Note 17 Pro Max 5G поддржува 100W HyperCharge, па големиот капацитет не значи и предолго чекање покрај штекерот.
Телефонот може и да ја сподели својата енергија. Со 27W жично реверзибилно полнење, може да напојува друг компатибилен уред, практично, да послужи како power bank кога тоа ќе биде потребно. Дополнително, батеријата е развиена со фокус на долгорочно користење и е проектирана да задржи најмалку 80 проценти од капацитетот и по приближно шест години секојдневна употреба.
Дожд, истурена вода или случаен пад
Друг важен дел од приказната е издржливоста. REDMI Note 17 Pro Max 5G има IP66 и IP68 заштита од прашина и вода, додека предната страна е заштитена со Corning® Gorilla® Glass Victus® 2. Ова носи дополнителна сигурност кога ќе ве фати дожд, ќе се истури пијалак врз телефонот или уредот случајно ќе се лизне од раката.

Голем екран што останува читлив и надвор
Екранот е со дијагонала од 6,83 инчи, AMOLED технологија, 1.5K резолуција и освежување до 120Hz. Максималната осветленост достигнува до 3.500 нити, што е особено корисно при користење на телефонот на отворено, особено на сонце.
Поддршката за HDR10+ и Dolby Vision дополнително го подобрува искуството при гледање видео, а Wet Touch Technology 2.0 овозможува подобар одзив и кога екранот или прстите се влажни.
Перформанси за секојдневна употреба
Телефонот го користи Snapdragon® 6 Gen 5 процесорот, во комбинација со брза RAM и меморија во зависност од конфигурацијата. Тоа е основата за непречено секојдневно користење – од пораки, социјални мрежи и навигација, до видео, работа со повеќе апликации и игри.
За фотографирање е задолжена 50MP главна камера со оптичка стабилизација, надополнета со ултраширока камера, додека напред се наоѓа 32MP камера. Достапни се и 4K видео и AI алатки за обработка на фотографиите.

Телефон создаден да не биде само „нов“ неколку месеци
REDMI Note 17 Pro Max 5G не се обидува да ја изгради целата приказна околу една ефектна функција. Неговата главна идеја е поедноставна: голема батерија, брзо полнење, цврста конструкција, голем екран и доволно моќ за секојдневието.
А за корисник кој сака новиот телефон да го користи неколку години, токму таа комбинација може да биде поважна од спецификација што изгледа импресивно само на хартија.
Со новиот REDMI Note 17 Pro следува и подарок по избор
Продажбата на новите REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G во Македонија е веќе започната, и во тек е фантастична промотивна понуда со која доколку се одлучите за еден од овие два нови смартфони, извршете регистрација на купувањето и ќе можете и да изберете како подарок еден од следниве три уреди на Xiaomi: стик правосмукалка Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU, прочистувач на воздух Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или панелка за греење Mi Smart Space Heater S EU.
Промоцијата ќе трае до 22 октомври или до истрошување на залихите.

(Комерцијален текст)