Запознајте ги луѓето кои работат на следниот Брегзит

Брегзит ги разгоре идеите за независност, враќање на суверенитетот, преземање на судбината во свои раце.... Дузина лидери на политички партии се надеваат дека  ќе го издејствуваат следното напуштање на Европската Унија. И на сите -  рејтинзите им се во подем.

Австрија, членка од 1995

Норберт Хофер

Вице-претстедателот на австриската Партија на слободата, Норберт Хофер ја подржува идејата Австрија да решава независносно од Унијата. Некои го споредуваат со Доналд Трамп, некои го обвинуваат за нео-нацистиччки погледи. За резултатите од Брегзит твитна: "Колку возбудлива ноќ! ЕУ ќе мора да најде нов начин за да опстане". Претстедателските избори ги изгуби за неверојатни 0,3 проценти разлика.

Белгија - членка од 1968

Том Ван Грикен

Ван Грикен е 29 годишен лидер на крајно десничарската фламанска националистичка партија, Влаамс Беланг која заговара поделба на Белгија на холандско и ците.

француско говорно подрачје. Агитирајќи за својата анти-имигрантска платформа, Ван Грикен и неговата партија најавија дека ќе бараат Флекзит - излегување на Фландрија од ЕУ - ако Унијата не ги почитува нивните погледи на дојденците.

Данска - членка од 197,

Кристијан Тулесен Дал

Честитајќи им го излеот од ЕУ на Британците, лидерот на Данската Народна Партија рече: "Европа зема преголема моќ од државите и сега ја плаќа цената за тоа". ДНП се колне дека нема да дозволи Данска да го предаде својот суверенитет но истовремено е за алијанса со НАТО. Многумина веруваат дека токму Данска ќе биде следната земја која ќе ја напушти Унијата.

Франција - членка од 1958

Марин Ле Пен

Претседателката на францускиот Национален фронт бучно го прослави Брегзит барајќи и Франција да одржи свој референдум. постојано расте во сондажите кои го следат расположението за идните претседателски избори закажани за 2017. Тие покажуваат и дека незадоволството од ЕУ во Франција е поголемо отколку она во Велика Британија.

Германија - членка од 1958

Фрауке Петру

"Времево е зрело за нова Европа", твитна деновиве првата жена на партијата Алтернатива за Германија. Реагирајќи на Брегзит, таа рече дека ако не се видат промени, и други држави ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе решат да го вратат својот суверенитет. Нејзината партија очекува голем успех на следните парламентарни избори догодина.

Унгарија - членка од 2004

Виктор Орбан

Десничар и анти-имигрант, унгарскиот премиер лани ја пломбираше Унгарија за бегалците од Блискиот Исток со што ги засили антагонизмите во рамките на Унијата. "Европа ќе биде силна само ако нејзините одговори на големите предизвици како што е миграцијата ја прават посилна а не послаба".

Италија - членка од 1958

Бепе Грило

Некогашниот комичар кој се зафати со политика и во 2009 го основа популарното Движење пет ѕвезди ги запали гласачите со идејата дека е доста од старовремски политичари.

Од нивните редови дојде и првата жена градоначалник на Рим а такво место освоија и во Турин, главниот град на Пиемонт кој се смета ја јадро на модерната италијанска држава.

 

Холандија - членка од 1958

Геерт Вилдерс

Основачот на холандската Партија на слободата на социјалните мрежи го пренесе своето одушевување од резултатите од британскиот референдум. "Браво за Британците! Сега нам ни е редот. Време е за холански референдум!" Оценувајќи го Брегзит како ден на независноста на островот, Вилдерс процени дека Британија го расчистува патот за ослободување на европските земји.

 

25 јуни 2016 - 19:44