Во меѓувреме во Австрија

Возач на градски автобус во Виена на седиште наоѓа заборавена торба. Ја отвора и во неа има 390.000 евра. Бидејќи веста ја читате на сајт, знаете дека ја вратил торбата во полиција.

Полицијата дури успева и да ја пронајде газдарицата, постара жена која воопшто не ни знаела каде ги изгубила парите.

"Од прво мислев дека во неа има некаква стока или лекови. Кога ја отворив таа беше полна со купчиња банкноти од по 500 евра," изјавил возачот.

Во торбата го имало и документот за повлекување на парите од банка, со чија помош полицијата ја нашле газдарицата.

Не е познато дали жената му дала некаква награда на возачот за вратена торба.

6 декември 2012 - 12:34