(веста се обновува)
Ситуацијата до сега:
- некаде околу 20 часот војската излегува на улиците во Анкара и Истанбул
- војската ја зазема државната телевизија, објавува дека започнува државен удар за спас на земјата, по што телевизијата веднаш престанува со работа
- војската воведува вонредна состојба и полициски час, а меѓународните аеродроми се затворени
- Ердоган ѝ се обраќа на нацијата и бара од турскиот народ да излезе на улица
- судири меѓу војската и полицијата
- судири меѓу граѓаните и војската
- турските безбедносни сили ја преземаат контролата над државната телевизија
- Ердоган слетува на аеродромот во Истанбул
- нешто во 2 часот по полноќ неколку светски новински агенции ја пренесоа изјавата на турскиот премиер дека ситуацијата во најголем дел е под контрола
Турската државна телевизија ја објави изјавата на лидерите на воениот удар, според кои тие ја преземале власта во земјата со цел зачувување на демократскиот поредок и човековите права, пренесува Гардијан.
Целосната порака на турската војска гласи:
"Турските вооружени сили комплетно го преземаа водењето на земјата со цел враќање на уставниот поредок, човековите права, владењето на правото и општата безбедност кои беа нарушени.
Сите меѓународни договори и понатаму важат. Се надеваме дека сите наши добри односи со сите држави ќе продолжат."
Војската ги имаше затворено мостовите на Босфор, а над Анкара имало воени авиони во низок лет. Еден од првите потези на војската е заземање на зградата на турската државна телевизија во Анкара. Во исто време првиот човек на истанбулската филијала на партијата на Ердоган, за Сиенен Турк изјавил дека војници влегле во штабот на партијата во градот и побарале сите да ги напуштат просториите.
Во соопштението на војската се наведува дека на територијата на цела Турција е прогласена воена состојба и полициски час, а аеродромите се затворени. Во соопштението се ветува нов устав во земјата, затоа што демократијата и секуларното владеење биле поткопани.
По објавувањето на соопштението турската државна телевизија престана со емитување на програма. Инаку, кратко по почетокот на државниот удар во Турција е забранет пристапот до Фејсбук, Јутјуб и Твитер.
Сиенен Турк пренесува извештаи на турските медиуми според кои во тренинг центарот на турските специјалци во Анкара одекнале експлозии.
Државната новинска агенција Анадолија објави дека во близина на претседателската резиденција во Анкара биле чуени истрели од хеликоптер.
Од друга страна на почетокот од воениот удар извори блиски на претседателот Ердоган порачуваат дека "ова е напад на турската демократија. Една група од вооружените сили се обиде да ја собори власта на демократски избраната влада вон командната структура."
Првичните извештаи беа дека Ердоган наводно е на одмор со своето семејство во Бодрум, меѓутоа Енбиси њуз пренесувајќи неименувани извори на американската армија објави дека на авионот на Ердоган не му било дозволено слетување на аеродромот во Истанбул. Подоцна Бибиси објави фотографија од Ердоган како им се обраќа на новинарите од Мармарис.
Ердоган преку Фејстајм се вклучи во живо во вестите на Сиенен турк, порачувајќи дека ударот е извршен од мрежата на Ѓулен Фејтулах и го повика народот да излезе на плоштадите и аеродромите да му даде поддршка:
"Го повикувам турскиот народ да се собере на плоштадите и аеродромите... затоа што нема повисока сила од силата на народот."
виа
По повикот на Ердоган околу полноќ на плоштадот Таксим почнаа да се собираат неговите симпатизери по што започнуваат и судири. Турските телевизии пренесуваат дека се слушаат престрелки во близина на седиштето на полицијата во Истанбул, а Сиенен турк објавува дека на мостот на Босфор имало престрелки меѓу цивилите и војската, во кои има тројца ранети.
Околу еден час подоцна, Гардијан ја пренесува информацијата од турската НТВ и локални новинари според кои тенковите во Анкара и Истанбул почнале да пукаат.
Според Асошиејтед прес до сега во државниот удар загинале најмалку 17 полицајци, а во исто време Дојче веле објавува дека и полицијата го повикала народот да излезе на улица. Неколку медиуми потврдуваат дека Ф-16 на турската армија соборил еден од хеликоптерите што биле користени во државниот удар.
Нешто пред 2 часот наутро (по наше време) турските граѓани и безбедносните сили ја преземаа контролата на државната телевизија во Анкара. Кратко по ова спикерката која го прочита соопштението за воен удар, изјави дека тоа го направила под закана од оружје.
виа
Подоцна Асошиејтед прес, Ал Џезира и Скај Њуз ја пренесоа изјавата на турскиот премиер според кого ситуацијата во најголем дел е под контрола.
Во текот на ноќта почнува да се реди поддршката за Ердоган и турската влада од сите меѓународни фактори, меѓу кои САД, Русија, НАТО, Британија, Катар, Франција.
Моментот кога експлодира бомба во турскиот парламент
виа
Подоцна Асошиејтед прес, Ал Џезира и Скај Њуз ја пренесоа изјавата на турскиот премиер според кого ситуацијата во најголем дел е под контрола. Околу 3 часот Ердоган се појави меѓу граѓаните на аеродромот во Истанбул.
виа
Турската државна новинска агенција по полноќ ги објави имињата на луѓето кои се обидоа да го извршат ударот. На чело на пучот е поранешниот правен советник на турскиот генералштаб, полковник Мухарем Коше. Меѓу предводниците на воениот удар има уште еден полковник, еден потполковник и еден мајор.
Про-Ердоган симпатизери во Истанбул извикуваат "Ya Allah, Bismillah, Allahu Akbar":
виа
На другата страна од Истанбул, тенк прегазува автомобил што се обидува да го сопре:
виа
Престрелки меѓу полицијата и војската:
виа
Полицијата апси војници:
виа
Тенкови на улиците на Истанбул:
виа
виа
Видеа од престрелки во Анкара:
виа
виа
Воен хеликоптер пука во непозната мета во Анкара:
виа