Такер Карлсон: Измами имаше, но недоволни за поинаков исход

Такер Карлсон верува дека изборни измами се случувале на претседателската трка во 2020 година но не мисли дека тие можат да го сменат конечниот исход.

„Во оваа фаза, измамите кои можат да се потврдат не се доволни да го сменат резултатот,“ вели Карлсон. „Треба да бидеме искрени и да ви го кажеме тоа, иако можеби ситуацијата може да се смени.“

„Но, главната поента“ вели тој е што „на претседателски избори можно е да се прават измами, и од тоа сите треба да бидеме престрашени. Не може на избори да има измами, така никој нема да верува во избори и потоа работите ќе почнат да се распаѓаат.“

Карлсон ги критикуваше медиумите кои уште во саботата го прогласија Бајден за победник. Неговиот Фокс беше еден од нив. „Наместо да собираат факти, тие бараа да замолчиме и да го прифатиме Џо Бајден.“

Карлсон отворено го критикуваше и неговиот колега од Фокс Нил Кавуто кој ја прекина прес конференцијата во Белата куќа откако прес секретарката Кеили МекЕенани изјави дека за Демократите се добредојдени илегалните гласови.

“Чекај, чекај, таа ја обвинува другата страна за измама и прифаќање на нелегални гласови? Доколку не излезе со детали за да го поткрепи тоа, јас ова не можам понатаму да ви го пуштам“, изјави Ковуто прекинувајќи го преносот на прес конференцијата.

„Не можете да прекинете нечиј говор затоа што вам не ви се бендисува,“ вели Такер Карлсон.

10 ноември 2020 - 22:12