Стотици Англичани чекаат да ја маваат Тачер со јајца

Како што Грантем, родниот град на Маргарет Тачер, се подготвува да ја открие 300.000 фунти вредната статуа на поранешната премиерка, така стотици жители на островот ветија дека на истиот ден ќе се појават таму за да ја маваат статуата со јајца.

Скулпторот Даглас Џенингс и статуата на британската премиерка

Статуата од Тачер со висина од 3 метри ќе биде монтирана на основа од дополнителни 3 метри височина за да се спречи вандализам.

Градските советници сметаат дека скулптурата ќе биде соодветен споменик на Железната дама, која е родена и израсната во Грантем, и заради тоа се согласни да покријат 100.000 фунти од трошокот за споменикот и неговото подигање.

Овие со јајцата се гневни токму на овој дел од целиот проект, што локалните власти, преку донации, ќе обезбедат толкава сума пари во „тешки времиња“ за нацијата која се справува со кризата предизвикана од пандемијата.

За закажаниот настан на Фејсбук интерес покажале над 8000 лица, а 1.100 потврдиле дека ќе присуствуваат.

2 декември 2020 - 15:57