Откако решителниот директор на ФБИ Џејмс Кими неделава најави опсежна истрага за можни криминали во кои се појавува името на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, нејзини политички советници се убедени дека најдобра опција за неа е таквиот удар веднаш да биде спречен, што е можно ако Барак Обама ѝ понуди превентивна аболиција за сите евентуални криминали кои е можно да ги сторила.
"За Хилари нема да биде најдостоинствено да прими помилување од претседателот но таа и нејзиниот сопруг во минатото минале и низ потешки скандали без да ја изгубат изборната база. Без помилување, сценаријата со кои таа се соочува се полни со непредвидливи опасности," се доверил анонимен човек од изборниот штаб на Клинтон.
А многумина во последно време забележаа загриженост кај Хилари, не само заради седумте последователни порази од Сандерс туку и заради потенцијално разорните опашки кои таа подолго време ги влече: не баш најчистите трансакции со нивната семејна фондација и проблемот со користењето приватен меил за државни преписки меѓу кои имало и доверливи материјали.
Човекот кој таа го беше задолжила за одржување на спорниот сервер (а кој Хилари го држеше на плата на Стејт Департментот за цело време на обавувањето на функцијата) веќе доби имунитет како заштитен сведок во случајот а четворицата нејзини асистенти земаа ист адвокат што сугерира дека ќе одат на заедничка одбрана.
Таа наскоро треба да биде испрашана под заклетва од ФБИ и ако приказната не ѝ се совпаѓа со онаа на останатите вмешани во случајот, би можела да одговара за лажење на ФБИ агент што е кривично дело.

Заговорниците на оваа идеја се надеваат дека Клинтонови би можеле да го убедат Обама да даде припеид помилување, слично на она со кое Џералд Форд го почасти Ричард Никсoн откако го замени во Бела куќа. Во тој случај, таа би играла на приказната дека морала да го прифати помилувањето бидејќи била жртва на голем десничарски заговор.
Има тука аргументи кои би ја поткрепиле таквата теорија со оглед на тоа што наведениот директор на ФБИ е регистриран член на Конзервативната партија кој досега и финансиски ги има помагано кампањите на Меккеин и Ромни.