Сакаш да има немири, е вака се прават немири

Пиштолот со кој беше застрелан и убиен 17-годишниот Трејвон Мартин, ќе биде продаден на аукција од Џорџ Зимерман, човекот што го уби Трејвон.

Зимерман, инаку маалски чувар, беше ослободен од убиството на тинејџерот по основа дека дејствувал во самоодбрана.

Оружјето ќе биде продадено за Зимерман да собере пари за борба против "реториката на Хилари Клинтон за забрана на огненото оружје."

Запрашан од една локална телевизија од Флорида за тоа што ќе речат луѓето кои се противат на продажбата на оружјето, Зимерман одговара: "Тие и онака нема да наддаваат на аукцијата, па нема што да ми е гајле за нив."

Почетната цена на пиштолот е 5.000 долари, а за да биде комплетна сликата Зимерман пиштолот го опишува како "Американска икона". Пиштолот дури неодамна му беше вратен на Зимерман.

12 мај 2016 - 15:55