САД даваат 15 милиони долари за апсење на Мадуро

САД го обвинија претседателот на Венецуела за нарко-тероризам, и понудија награда за информација која ќе доведе до негово апсење. До сега Мадуро беше обвинет за „водење корумпиран и брутален режим“.

Ескалацијата сред глобална пред-апокалиптична состојба ја објави американскиот министер за правда, Вилијам Бар, кој и ја понуди наградата. Она што не е јасно е каква точно информација чекаат Американците за Мадуро, кого сите го знаат каде е - во претседателската палата во Венецуела.

Бар го обвини Мадуро дека работи со колумбиски бунтовници на „преплавување на САД со кокаин.“

Освен Мадуро во обвинението се наведени и повеќе од дузина функционери од Венецуела, вклучувајќи го и колегата на Бар, тамошниот министер за правда.

„Народот на Венецуела заслужува транспарента, одговорна влада која ќе го преставува народот и ќе им служи на потребите на луѓето - а не да биде дел од недозволена трговија со наркотици.

Овие лица ја нарушија јавната доверба со испраќање пратки наркотици од Венецуела, вклучувајќи и контрола врз авионите кои полетуваат од база на венецуелската воена авијација,“ се наведува во соопштението од американските власти.

               

               

26 март 2020 - 18:07