Се работи за 24 авиони кои се од четвртата генерација ловци со двоен мотор, „кои примарно се користат во мисии за добивање воздушна надмоќност“.
Форбс тврди дека авионите што ќе ги добие Иран првично биле направени за Египет, меѓутоа под притисок на САД договорот не бил исполнет, па Русија не му ги испорачува.
Ова е прва набавка на воени авиони за Иран во изминатите неколку децении. Последен пат во 1990-те успеа да купи неколку руски Миг-29 ловци.
Моментално најголемиот дел од иранската авијација е составена од застарени американски авиони купени во 1960 и 1970 пред судирот меѓу двете држави.
Процената е дека до сега Иран и има испорачано на Русија околу 1.700 камикази дронови, а во скоро време треба да пушти уште 300.