Економист и ЈуГов прават анкета за тоа до кој степен гласачите на Трамп веруваат на неговите обвинувања дека изборите биле наместени.
Запрашани дали според нив Бајден легитимно победил, 8 од 10 анкетирани гласачи на Трамп одговориле - не. Прашани дали Трамп треба да го признае поразот, бројките биле слични: 8 од 10 одговориле дека не треба.
Освен ова, неговите гласачи веруваат дека кампањата на Трамп треба да продолжи со својата борба пред судовите, и дека ќе успеат да ги сменат резултатите и покрај првичните порази пред судовите.
Ако се има предвид дека Трамп освои речиси 72 милиони гласа, овие резултати издигнати на ниво на САД значат дека 56 милиони возрасни американски гласачи не го сметаат Бајден за легитимен претседател.
Анкетата открива и дека за две-третини од гласачите на Трамп измамата е направена во гласањето преку пошта. Она што авторот на текстот во Вашингтон пост го смета за олеснителна околност е дека оваа група верува дека пребројувањето на гласовите ќе го даде вистинскиот победник. (Во средата наутро Џорџија објави дека ќе го направи баш тоа и ќе почне од ново да брои гласови.)
Ваквиот став ни најмалку не е случаен бидејќи Трамп и неговите не се застанати со повторување дека Бајден не победник и дека резултатите од изборите се наместени.