Собирањето пасоши се води под програмата за „менаџмент на лично патување во странство“ која и дозволува на владата да контролира и следи кој може да патува во странство и колку често, која пак е дел од борбата против корупцијата во државниот апаратус.
Освен образовниот кадар, ограничувањата посебно ги опфатиле и обичните и повисоките вработени во училиштата и универзитетите.
Ако сакаат да патуваат по предавање на пасошот, учителите треба да поднесат барање во градското биро за образование, кое треба да им го одобри барањето и да им го врати пасошот.
Дури и оние кои ќе го добијат пасошот и дозвола да патуваат во странство имаат правила за однесување таму, па на пример не смеат да стапат во контакт со припадници на Фалун Гонг сектата или со други „непријателски странски сили“.
Правилата генерално ограничуваат и на едно патување годишно на помалку од 20 дена.
Ограничувањата почнуваат да се воведуваат и за вработени во државни претпријатија, па дури и пензионери кои од пред 10 години се во пензија. Фајненшл тајмс пишува за случајот со 76-годишен пензионер кој работел во државен производител на авиони, на кого поранешниот работодавец годинава му го одзел пасошот заради безбедносни причини и повеќе не може да го посети своето семејство во странство.