Јапонскиот милијардер се откажа од барање женска за одење на одмор

Јусаку Маезава ја запре потрагата по женски „животен партнер“ што требаше да го поведе со себе на туристичката тура околу Месечината.

Претходно Маезава објави оглас за партнерка на кој можеа да се пријават жени што се сингл и што се постари од 20 години.

Се пријавија речиси 28.000 Јапонки (во земја во која млади мажи се самоубиваат од самотија или живеат во самонаметнат целибат), меѓутоа Маезава одлучи да го прекине конкурсот затоа што имал „мешани чувства“ околу целата работа.

Како дел од потрагата по партнерка требаше да биде снимен и документарец, кој исто така е откажан од Маезава.

Могулот на јапонската модна индустрија и понатаму планира во 2023 да го оствари патувањето до Месечината.

Маезава го објави конкурсот за сопатничка во јануари годинава, неколку месеци отколку раскина со 27 годишната глумица Ајаме Горики.

Туристичката обиколка на Маезава во 2023 ќе биде првото човеково приближување на Месечината од 1972.

30 јануари 2020 - 10:26