Врховниот суд на земјата ја поништи претходната одлука со која на поранешното кралско семејство му се одзема контролата врз храмот, која властите на сојузната држава Керала се обидоа да го конфискуваат откако почина патријархот на семејството.
Кога во 2011 по наредба на властите беше отворен сефот на хинду храмот, во него беа откриени торби полни со дијаманти, заедно со тони златни парички и накит, што се проценуваат на 20 милијарди долари.
Истата година високиот суд на Керала одлучи дека семејството Траванкор во корист на јавноста мора да се откаже од сопственоста на храмот по смртта на последниот махараџа од Траванкор во 1991.
Речиси 10 години подоцна Врховниот суд ја поништи оваа одлука.
Се верува дека во Индија има најмалку уште неколку вакви храмови со богатства од милијарди долари, собрани од верниците кои даруваат злато и други скапоцени предмети како подароци за духовни и религиозни институции кои управуваат со болници, училишта и колеџи.
За најбогат се смета Тирупати храмот во сојузната држава Андра Прадеш, кој има 9.000 килограми резерви во злато, и милијарди рупии во банкарски депозити.
Инаку во храмот на Траванкор во Керала, има уште еден масовен сеф кој се уште не е отворен.