
Официјално се води како „анти-толпа“ закон, и е дополнување на досегашниот „Stand your ground“ а е инспириран од сите немири, пљачкосувања и уништувања, кои се дел од БЛМ и анти-полициско насилство протестите.
Во пракса ова ќе им овозможи на вооружените цивили во Флорида да застрелаат, и потенцијално да убијат секој што го сомничат дека ограбувал нечиј дом или бизнис. Законот конкретно наведува дека на секој грабеж на 150 метри од „насилно и бунтовно собирање“ може легално да се одговори со смртоносна сила.
Од друга страна, критиката е дека законот им дава дозвола за убиство на вооружените цивили кои можат секого да го прогласат дека учествувал во протести.
Предлогот предвидува и имунинет за граѓани кои ќе повредат или убијат (со возило) демонстранти што блокирале улица / пат, a самото блокирање пат е кренато на прекршок од трет степен.
Мајами хералд пишува дека според јазикот што се користи во предлог законот, се гледа дека тој ќе ги блокира сите локални власти кои ќе се обидат да ги де-финансираат локалните полициски оддели.