Европа го финансира Путин

Откако ја нападна Украина, Русија ги удвостручила приходите од извоз на фосилни горива и за само два месеца наплатила 66 милијарди евра. Најголем купец е Европската унија која платила за преку 70% од рускиот извоз. Повеќе од која друга било земја купила Германија, а по неа е Италија.

Русија заработила околу 66 милијарди долари од продажба на фосилни горива за два месеца откако нејзините сили првпат влегоа во Украина.

Извештајот на Центарот за истражување на енергија и чист воздух укажува дека Русија речиси ги удвоила своите приходи од продажба на нафта, гас и јаглен откако руските сили ја започнаа инвазијата на 24 февруари. Приходите од извозот на фосилни горива се клучен финансиер на воената операција и останатите функции на државата.

Студијата покажува дека Европската унија купила 71 отсто од руските фосилни горива преку пратки и цевководи од Русија.

Германија увезла повеќе од која било друга земја, енергенси за околу 9,1 милијарди евра. Италија е следниот најголем руски клиент со 6,9 милијарди евра, следува Кина (6,7 милијарди евра), Холандија (5,6 милијарди евра), Турција (4,1 милијарди евра) и Франција (3,8 милијарди евра).

Европа сепак ќе мора да го намали увозот бидејќи Русија најави прекин на испораките за Полска и Бугарија. Газпром тоа го објасни со одбивањето на овие две земји членки на НАТО и ЕУ да плаќаат во рубљи.

28 април 2022 - 14:26