Референдумот за бегалците испадна пирова победа за Виктор Орбан. Огромно мнозинсто од гласачите (98%) се изјаснија против бегалските квоти на ЕУ но на референдумот излегоа премалку луѓе (под 50%) па референдумот е неважечки. Орбан најави уставни промени за да може да легализира резултатот, но, тоа е друга тема.
Една од причините за слабиот одзив можеби е лицемерната политика кон туѓинците: за сиромаштијата бодликава жица, за парајлиите доживотно жителство во Унгарија кое значи и постојан шенген пас за цела Европа.
Потребно е да се купи 5 годишна државна обврзница која чини 360.000 евра и легализира 4 члено семејство. За секој дополнителен член на семејството се доплаќаат уште по 2.000 евра а по истекот на рокот на купувачот му се враќаат 300.000 евра.
Ваква вајлд карта имаат искористено илјадници семејства од Египет, Алжир, Иран, Јордан, Турција и други земји.
Од 2013 година кога беше отворена државната шема со обврзници, 18.000 лица добиле жителски статус во Унгарија а сега бизнисот дополнително ескалира бидејќи само во август биле купени 798 вакви обврзници.
На тој начин државата до сега инкасирала преку 1,1 милијарда долари.