Брегзит на ЕУ ѝ направи дупка од 75 милијарди евра

„Ако не усвоиме буџет, наскоро нема да можеме да ги финансираме ни нашите приоритети,“ вели претседателката на Европската комисија Урсула Лејен.

„Како унија од 27 земји, сега имаме помалку ресурси. Се работи за кусок од приближно 75 милијарди евра за сеумгодишниот буџет од 2021 до 2027. Истовремено, имаме повеќе заеднички предизвици кои ниедна членка не може да ги реши сама,“ изјави Лејен на пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур.

На пратениците им дала до знаење дека времето истекува и дека ако буџетот наскоро не биде усвоен, следната година нема да можат да се финансираат приоритетите кои се одредени.

А приоритетите и сами по себе се проблем бидејќи сè уште не е воспоставена рамнотежа меѓу старите и новите приоритети кои се наметнаа со потребата од реформирање на Унијата.

Претседателката на ЕК се надева дека трите најважни институции  - парламентот, советот и комисијата - ќе бидат сложни во врска со стратешката агенда до 2059 година Европа да стане првиот климатски неутрален континент.

„Нема да прифатам никаков нацрт кој не гарантира дека минимум 25% од буџетот ќе се издвојуваат за борба против климатските промени,“ порача таа.

13 февруари 2020 - 13:41