1. Рускиот претседател верува дека сегашното влошување на односите со Запад е резултат на грешките на НАТО, САД и Русија направени уште по колапсот на Советскиот сојуз: Сè направивме погрешно.
2. Америка пушти бомбардер Б52 во низок лет над Јужна Кореја како покажување мускули по објавата на соседите од север дека имаат хидрогенска бомба.
3. 231 дете било физички и сексуално малтретирано во децениите кога нивниот хор го водел братот на поранешниот ватикански поглавар Бенедикт.
4. Лондонскиот институт Легатум го извади годишниот индекс на просперитет по кој од 2009-та до сега сме напреднале за 5 места и сега сме 65-ти од 142 рангирани земји. Бизнис инсајдер ги има првите триесетина земји кои се најбетер.
5. Уште три недели до битните избори во Ајова. Во моментов Хилари го води Берни за само три поени, а Тед Круз е нешто пред Доналд Трамп, Но, Републиканската партија се соочува со опасност од сериозен расцеп поради незадоволството од партиската елита.
6. Најголемата британска лото добивка на сите времиња ја поделија двајца луѓе. 96 милиони долари, такс фри.
7. Граѓаните на Мадаја и други сириски градови умираат од глад како резултат од политикантските комбинаторики на вклучените во судирите.
8. Иако ИСИС е избуткан во источните предградија на Рамада, остатокот од градот не може да се обновува поради огромниот број поставени бомби-замки.
9. Инсајдери од Пинтерест се отворија како е да се работи на платформата вредна 11 милијарди долари. Не баш најсјајно.
10. Инвеститори притискаат од Јаху да биде набркана Мариса Мајер. Пред три години ги одушевуваше вработените кога со нив делеше појадок во компаниската кафетерија, денеска ја викаат Евита. И планира сериозни отпуштања.
11. По цена од 64 долари за примерок, за прпвпат по Втората Светска Војна во Германија е издадена книгата Мајн Кампф на Хитлер.
12. Милијардерот Мајк Ешли, сопственик на Sports Direct и фудбалскиот клуб Њукасл има изгубено 15 милиони фунти на опклада во паб. Го тужат зашто нејќе да плати.
13. Баксузниот број е за сите нас. Почина Дејвид Боуви.