Буир е село во подрачјeто Ајфел во западна Германија и има само 230 жители. Токму затоа на ниеден интернет провајдер не му се исплаќа до воспоставува мрежа до него.
Но, телекомскиот интерес е една работа, а квалитетот на сопствениот живот сосема друга па мештаните на ова село решиле сами да го средат проблемот, откако државниот Телеком прифатил да им стави оптика ако имаат готов канал.
Луѓето од селото се свесни дека животот во Буир нема долго да опстане доколку селото не стане докрај пристојно место за живеење.
"Времето ни заминува. Ќе ни се случи масовен егзодус доколку немаме интернет и не дојдат млади луѓе во селото,' велат мештаните кои секој викенд копаат канал до потребното место за спојување со мрежата.
Во работата им помагаат и селаните од едно соседно село во кое заради бројноста се исплатело да биде изградена мрежа за брз интернет.
Германија генерално стои лошо во оваа област, полошо дури и од Грција, Романија и Бугарија. Во февруари годинава, германскиот сојузен суд го прогласи интернетот за основно човеково право но не одреди со која брзина е тој интернет, па реалноста е таква што брзината зависи од област до област.
Ангела Меркел вети дека до 2016-та, секој германски граѓанин ќе има пристап до бродбенд интернет.