Основната цел на традиционалниот проект на Пивара АД Скопје, Coca-Cola компанијата и организацијата Отворени забавни фудбалски школи е создавање навики за практикување физички и спортски активности кај младите како правилен начин за одржување здрав баланс на енергија во текот на целиот живот.
Проектот годинава бележи рекорден број на 2.000 учесници кои доаѓаат од 150 основни и средни училишта од 18 општини од целата земја.
''Спортувањето и практикувањето физички активности е начин за водење здрав живот кој треба да им го пренесеме на младите поколенија. Среќни сме што веќе четири години по ред благодарение на Пивара Скопје и Coca-Cola ги учиме децата дека физичката активност е неопходна за нивен правилен развој и одржување добра рамнотежа помеѓу внесената и потрошената енергија. Младите го сакаат проектот бидејќи е одлична комбинација на спорт, забава и дружење. Доказ за тоа е годинешниов рекорден број на 2.000 учесника од цела Македонија кои со нетрпение го очекуваа почетокот на натпреварите.'' – изјави Цено Александровски, претставник на меѓународната организација Отворени забавни фудбалски школи.
Првиот Coca-Cola куп се организираше во 2012г. и досега се активираат повеќе од 5.200 млади дел од ова уникатна платформа која ги обединува децата, нивните семејства, училиштата и општините.
"Coca-Cola купот е ефективен начин за промовирање и поддржување на една едноставна и позитивна идеја – обединување на повеќе фактори во заедничко настојување кај младите генерации да создадеме здрави животни навики. Водејќи се од таа идеја, заедно со Coca-Cola компанијата и меѓународната организација Отворени забавни фудбалски школи успеавме да поттикнеме повеќе од 5.200 момчиња и девојчиња активнo да учествуваат во проектот, да ги вклучиме и училиштата и да создадеме огромна публика која нѐ поддржува. Пивара Скопје секогаш настојувала да создава и поддржува проекти наменети за заедницата во која живееме. Coca-Cola купот е токму таков проект, пример на добра практика која ги поврзува образованието, граѓанскиот сектор, семејствата и бизнис заедницата.'' - изјави г-дин Александар Ружевиќ, генерален директор на Пивара Скопје.
Во текот на овие два месеци ќе се одиграат фудбалски натпревари во повеќе градови низ Македонија, додека финалето на кое ќе бидат прогласени победниците ќе се оддржи на 30 мај на стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје.
(комерцијален текст)