И покрај немањето никаков бренд-авернес околу НГА, таа е сместена на 25 километри од Вашингтон, а нејзиното седиште е третиот по големина објект во Вашингтон и околината.
Седиште на агенцијата е завршено во 2011 и чини 1,4 милијарди долари, а само главната зграда има површина на четири фудбалски игралишта. Во 2016 НГА купува земјиште со површина од 40 хектари (400.000 метри квадратни) во Сент Луис каде треба да изгради дополнителни објекти во кои ќе бидат сместени 3.000 нејзини вработени што веќе се во градот. Овој проекти чини 1,75 милијарди долари.
Дејноста на НГА е објаснета како: тоа што е НСА за гласови и звук, НГА е за слики и видео. Главна функција е анализирање на милијарди фотографии и гигабајти видеа снимени од дронови над Блискиот Исток и шпионските сателити околу Земјата. Она што ја разликува на пример од ЦИА и НСА е што агенцијата никогаш не ги употребила своите камери на територија на САД, заради што никогаш не била спомнувана како дел од скандали.
Според Форин полиси, "постои причина да се верува дека сето ова ќе се промени под претседателот Доналд Трамп." Нивниот став се базира на досегашните потези на Трамп, кој значително го намали буџетот на разузнавачките агенции за сметка на одбраната, и веруваат дека токму затоа тој ќе ја сврти НГА и кон дома за да ги поткрепи останатите агенции.
Што се однесува до надзорот на американско тло со дронови, извештај на Пентагон од март 2016 потврдува дека тие имаат спроведено 20 такви акции меѓу 2006 и 2015 (друг извештај покажува дека тие делумно биле за природни несреќи и слично). Иако НГА за сега нема таков мандат, според американски закони, дронови смеат да следат американски државјани (и во САД), доколку тоа е дозволено со закон и е одобрено од секретарот за одбрана.
Во 2016 полицијата на Балтимор започна со спроведување на "постојан воздушен надзор" користејќи системи развиени за воена употреба во Ирак.
"Малкумина цивили имаат претстава колку напредни станаа овие воени дронови. Меѓу нив е и АРГУС-ИС апаратот со најголема резолуција во свет со 1,8 милијарди пиксели. Тој лета на висина 6,4 километри и не може да се види од земја. Користи технологија позната како 'постојан поглед' - што е еднакво на 100 Предатор дронови во исто време да надгледуваат град со средна големина - за да следи сè што се движи.
Со капацитет истовремено да надгледува простор од 15 до 25 километри квадратни, потребни се само два вакви дрона за деноноќно да го следат целото движење на луѓе на Менхетен. Тој од својата позиција може да зумира на предмети со големина на коцка путер и има капацитет да сними 1 милион терабајти на ден. Овој капацитет ќе им дозволи на аналитичари да прегледуваат низ архива од изминати денови, недели и месеци. Моментално се работи на технологија што ќе дозволи дроновите со години да останат во воздух," објаснува Џејмс Бамфрод во Форин полиси.
Она што нив малку ги смирува околу можноста НГА да почне да игра и на домашен терен, е дека за тоа ќе треба значително проширување на агенцијата за таа да може да ги анализира и домашните снимки, "а пред тоа да се случи, Трамп, како и Обама, ќе треба да открие дека постои таква агенција".