Најголемиот број од анализираните се добитници на премија поголема од 1 милион фунти. Од овие 3.000 само 25% си ги задржале работните места што ги имале пред добивката.
Секој десетти добитник купил караван, секој трети купил џакузи, а дури 32% од добитниците се уште немаат заминато на одмор во некој луксузен ресорт.
Вкупната вредност на подароците што добитниците им ги дале на своите блиски изнесува 1,17 милијарди фунти. Добитниците купиле и 7.958 домови а исплатиле и 3.700 хипотеки на пријатели или роднини.
Секој седми добитник започнал сопствен бизнис, а овие компании денес вработуваат 3.195 луѓе.
На автомобили се потрошени 463 милиони долари, а најчест избор биле Ауди и Ренџ Ровер. Најчеста дестинација за одмор биле Карибите, Дубаи и Канарските острови.
Од почетокот на националната лотарија во 1994-та до денес, освоени се 8,5 милијарди фунти. Од нив 4,74 се потрошени а 3,74 се чуваат за не дај боже.