Бегството од Сирија

Ранија има 20 години, родена е во Рака, ама по влегувањето на ИСИС во градот успева да пребегне во Кобане. Освен што ги нема ИСИС и во Кобане не е ништо подобро. Решава да бега и од таму, и да стигне барем до Австрија.

Девојката има најрегуларни интереси и однесување, на пакувањето за тргање со себе во ранец за не дај боже зема англиски книги и неколку ДВД-а од Игра на тронови.

Трга од Кобане и за 300 евра стига до Турција. Од таму со доплата ја префрлаат до грчка територија. Во Атина фаќа автобус и стига до Егејска Македонија во бегалскиот камп на Идомени.

Заглавува на грчко-македонската граница, и учествува во неколку неуспешни обиди да се префрли во Македонија, во кои има и судири со македонската гранична полиција. Проблемот го решава по некое време со 7.000 евра, за кои добива два фалц бугарски пасоши.

Во договор со норвешки новинар, целото патување го евидентира на камера:

 

3 август 2017 - 14:01