Таиби смета дека мора да постои независна истрга околу врските на Трамп со русија но додека таква истрага не излезе со недвосмислени факти за мешањето на Русите во американските избори - луѓето треба да олабават.
Темелено на она што во моментов се знае, приказната не е ништо друго освен конспиративна масовна хистерија.
„Јак симптом за д препознаеме масовна хистерија е фактот дека секој што се сомнева во приказната се прогласува за дел од заверата„, пишува тој.
Во такви услови, на еден Њујорк тајмс му се случува за легитимен извор да претстави конспиративни будалетинки од типот на Лујза Менч (која тврдеше дека Путин го убил Брајтбарт). Во такви хистерични услови на „запознај го својот непријател“, демократскиот сенатор Марк Варнер ги тестирал своите луѓе колку се упатени во делата на Толстој и Набоков.
„Фактите за руското вмешување во нашите извори во моментов се тенки, ама затоа за нашето лудило околу тоа можат да се напишат цели томови книги“, пишува Таиби.