На некои од нас што пишуваме на сајтов ни се случува да се колнеме дека сме пишувале на некоја тема, дури и да се сеќаваме на фотографиите што сме ги ставиле, ама таков линк да не можеме да најдеме. Од инает, и од несакање да се помириме дека можеби се работи за лажно сеќавање, некогаш губиме и цел ден пребарувајќи по различни клучни зборови. Е такви лажни сеќавања си имале и посебно име.