Огромна е нееднаквоста на приходите во Европа при што очигледна е една географска поделба: највисоките нивоа на просечен расположлив приход (оние пари кои можат да се тргнат на страна за трошење или штедење) имаат западните и нордиските земји, додека како се оди на југ и на исток, резервите стануваат сè поникакви.
Споредбата во апсолутни износи не би била фер поради разликите во цените па оваа е правена по ППС стандард, односно паритет на куповната моќ (стапка на конверзија за елиминирање на разликите во нивото на цените изразувајќи ја вредноста за истото количество и за истите стоки и услуги купени во различни држави со различни валути).
Разликите се огромни и во рамките на самата ЕУ. Тешко дека некој ќе поверува дека Бугарија и Луксембург се членови на исто „семејство“, кога првите имаат расположлив приход од 9.671 ППС а вторите 33.214 ППС. Просекот на ЕУ во 2022 беше 18.706 ППС по жител.
Пет нордиски земји имаат повисок расположлив приход од просекот во ЕУ, додека Хрватска, последната држава која влезе во ЕУ има поголем просечен расположлив приход по жител од шест други членки на ЕУ.
Кога нееднаквостите се изразуваат во евра наместо во паритет на куповна моќ, разликите се уште повидливи. Бугарин располага со 5,300 евра, човек на Луксембург со 45,300 евра.
Ние и Албанија со по три односно по две ипол илјади.
Не сте од вчера, кога се бараме на вакви табели, знаете дека ќе се најдеме со скролање надолу.