Лажната грижа за слободите и лицемерието на медиумите

Ако историјата на нешто нè научила, тоа е дека денешните светости веќе утре можат да станат предмет на презир. Вредноста на слободата на говорот не е во нагласување на општоприфатените ставови на јавноста, туку во спречување на замолчување на гласовите на маргините.

Долгорочно, граѓанските слободи можат да се бранат само со принципи. Не можете да глумите дека се грижите за нечие право на протест или слобода на говор, а веднаш потоа да се прашувате „каде е полицијата?“ кога сакате да не се слушнат поинакви мислења.

Со такви двојни аршини не покажувате преданост кон зачувување на слободата. Напротив, со тоа порачувате дека за во кафези се луѓето кои имаат проскрибирани мислења. Притоа, подразбирате дека вашите лични уверувања се „коректни“ и тие никогаш нема да дојдат на удар на цензурата.

Ако историјата на нешто нè научила, тоа е дека денешните севтости веќе утре можат да станат предмет на презир. Вредноста на слободата на говорот не е во нагласување на оптшпрофатените ставови на јавноста, туку во спречување на замолчување на гласовите на маргините на она што општеството го смета за прифатливо.

Имаме сфатено дека со промена на општествената и политичка клима, нашите ставови можат еден ден да станат еретички, па затоа се имаме договорено државата да не ги проценува луѓето на основа на нивните ставови.

Светските медиуми деновиве известуваат за апсењата на демонстранти во Русија кои се противат на агресијата на Путин врз Украина. Хрватски „Телеграм“ тоа го пренесе со саркастични коментари од типот „Ова е таа слободна Русија на Путин.“ Крокодилските солзи на уредништвото на овој медиум ги открива токму нивна статија од пред три месеци во која буквално се повикува полицијата да спречи голем протест во Загреб.

Вредноста на слободните медиуми не е во повторување на монолозите на владините портпароли, туку во информациите кои оние што се на позиција на моќ не сакаат да дојдат до јавноста. За жал, токму меѓу новинарите наоѓаме едни од најгласните навивачи за забрана на туѓи мислења.

Тоа долгорочно ги поткопува темелите на либералното општество а фармите на тролови успешно го искористуваат западното фарисејство. Оцрнувајќи ги протестите во Канада, Австралија и Европа и надмено  исмејувајќи ги случаите кога луѓето финансиски се казнувани без судска пресуда, лицемерието на западните институции дури и престана да се крие. Западните лидери и медиуми не само што веќе не се во позиција доследно да критизираат странски автократи туку лицемерието им стана предмет на подсмев од Кина и други.  

Во атмосфера на политичка поларизација и емотивни уцени, пресудно е да се бранат граѓанските слободи на темел на принципи.

Хрвоје Марковиќ

9 март 2022 - 19:41