Злато за УМ Белград и Фанта на СЕМПЛ фестивалот

Медиумската агенција УМ Белград и Coca-Cola компанијата освоија злато на 18 – тиот СЕМПЛ Фестивал на медиумски трендови кој се одржа во Порторож. Интернационалното жири им додели Златна награда за кампањата на Фанта во категорија Најдобра кампања на социјалните мрежи.

‘‘Исклучително сме горди на освоената награда и што стручното жири ја препозна нашата креативност и одличните резултати кои кампањата ги постигна. Успехот на кампањата е резултат на нашето познавање на трендовите, најважните моменти во живовот на потрошувачите, како и правилното користење на податоците. Воедно, сето ова е и клучно при креирањето успешна кампања во денешно време кога медиумите и потрошувачите се менуваат на дневно ниво. Благодарни сме и на нашиот долгогодишен клиент, Coca-Cola компанијата, на укажаната доверба и поддршката на нашата определба да бидеме иноватори кои ги подигнуваат стандардите во земјите во кои работиме. Оваа престижна награда ни дава потстрек да продолжиме да редиме успеси‘‘, рече Дубравка Урошевиќ, Regional Account Director на агенцијата УМ Белград.

 “Она кое ја прави оваа награда посебна е фактот дека таа е резултат на блиската соработка на компаниските крос-функционални тимови и нашите партнерски агенции. Работата со јутубери/инфлуенсери за нас беше новост, но очигледно, заедничкото размислување во комбинација со желбата за иновации се покажа како добра формула за создавање на успешна соработка на Фанта и Yasserstain“, рече Дарко Станојевиќ Connections Manager на компанијата Coca-Cola: Босна, Хрватска, Македонија, Црна-Гора, Србија и Словенија.

Наградениот проект можете да го погледнете на линкот:

https://www.youtube.com/watch?v=aPhAcw_UlLQ

Најголемата регионална конференција на медиумски трендови СЕМПЛ е меѓународно признат образовен настан во чиј фокус се актуелните случувања во областа на медиумите, маркетингот и комуникациите во Адриатик регионот и ги претставува и анализира домашните и странските добри практики.

(комерцијален текст)

29 ноември 2016 - 14:15