Влатко Огненовски, шеф во кујната на ресторан „Pastel Wine & Dine”

Добропознатиот бренд за слатки и десерти „Pastel Wine & Dine” од неодамна го прошири своето мени со одбрани рецепти за ручек и вечера и одличен избор на вина.

За уживање во ресторанот да биде целосно гастрономско се грижи познатиот шеф во кујна Влатко Огненовски.

Повеќе детали за неговото досегашно искуство, стручно знаење како и за идните можности и планови може да прочитате подолу.

Кога се во прашање неговите почетоци се вративме во далечната 1994 година и првото работно искуство во ресторанот Mugolone, во Сиена, Тоскана, каде работел како помошник во ресторанот. Влатко за себе вели дека токму во тој момент ја почувствувал магијата и од тогаш сѐ до ден денес ужива најголем дел од своето време да го поминува во кујна и буквално да живее во истата.

За стручните почетоци во кулинарството во тоа време тој вели дека немало многу формални факултети во светот каде што кулинарството се изучува како професија, иако со тек на време, многу труд и надградба истата станува уметност која бара многу знаења од различни области.
Главната обука Влатко ја добил од менторите Лука Черетани и Дучо Лоренцини, кои во тоа време биле главни готвачи во ресторанот Mugolone.
Лука Черетани во тоа време бил и професор на Тосканската школа за кулинарство и многу често покрај следењето на редовната обука, Влатко дополнително работел и како негов асистент при практичната настава.

По 8години поминати во Тоскана, со неговиот колега готвач, Роберто Таванти, отвориле сопствен ресторан во Прага, Чешка – „Таверна Тоскана”.
Како особена гордост ја посочува својата диплома од „Факултетот за кулинарски уметности” на Тајланд, во 2007 година, каде се стекнал со диплома во тајландско готвење.

„Кулинарството е професија која никогаш во целост не може да се совлада. Најмногу бев импресиониран од дознавањето, комбинирањето и креирањето на нови вкусови од секојдневни обични состојки” вели шеф Огненовски, додавајќи дека како и во секоја професија основната состојка е љубовта кон истата.

Омилено јадење на шеф Огненовски се „Таљатели на сиенски начин”, стар и деликатен рецепт. Овој рецепт е дел од менито на ресторанот Пастел, кој од неодамна е неговиот нов дом за сите активности во областа на гастрономијата.
Како омилена состојка при подготовка на вкусните деликатеси тој го посочува лукот, бидејќи за истиот тој смета дека е најарамотичната билка на планетата.


Влатко ни откри и нов специјалитет и предизвик во кујната на Пастел, а тоа е сладоледот од редуцирано црвено вино, круша Вилијамс, дупло еспресо чоколадо, крема од шумски плодови и пржен кадаиф во течен азот.
Овој сладолед се подготвува на температура од -200 степени, а истиот од следната сезона ќе може ексклузивно да се проба во ресторанот „Pastel Wine & Dine”.
Влатко со нас сподели и еден мал кулинарски трик кој секако е поврзан со неговата омилена состојка - лукот:

„Тројна апликација на лук во едно јадење”
Првиот пат потребно е да го згмечите лукот и да го пропржите цел со лушпа на маслиново масло, втората е да го внесете ситно сецкан во текот на готвењето и конечно на 1 минута пред да биде готово јадењето, да го изрендате во самото јадење.
Прекрасна техника за љубителите на вкусот на лукот, вели шеф Огненовски.

Пробајте ги врвните деликатеси подготвени од вештите раце на шеф Огненовски, посетете го ресторанот „Pastel Wine & Dine”, кој се наоѓа во центарот на Скопје, веднаш спроти театар Комедија, на булеварот Св. Климент Охридски и доживејте гастрономско уживање.

Следете ги ресторанот на:
Facebook: https://www.facebook.com/pastelmk
Instagram: https://www.instagram.com/pastel.mk
https://pastel.mk

(комерцијален текст)

6 ноември 2018 - 11:36