
Како групација, Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе има близу 200 години традиција во штедење, значајно искуство што на клиентите им влева голема доверба и сигурност за своите пари кога станува збор за Шпаркасе Банка, како дел од оваа австриска групација.
Штедењето во сигурна, стабилна и, пред сè, банка со долгогодишна традиција, е најдобар начин за инвестирање во иднината. Причина плус да се чуваат парите на сигурно и безбедно во банка е тоа што средствата што се зачувани како банкарски депозит се заштитени од кражби, пожари, поплави и од сите други несакани ситуации што можат да се случат доколку средствата ги чувате во вашиот дом.
Во Шпаркасе Банка постојат повеќе депозитни производи во согласност со штедните навики и можности на клиентите. Па, така, за секој клиент Банката има соодветна понуда.
Навиката за штедење се создава од најмали нозе. Како родители, секогаш го сакаме најдоброто за своите деца, а тоа подразбира обезбедување најдобри услови за постигнување на нивниот полн потенцијал и градење здрави животни навики. Нашата одговорност како родители подразбира долгорочен план за финансиската сигурност за детето и неговата иднина. Притоа, потребно е да ги научиме нашите деца што значат парите и дека треба да се има правилен однос со нив. Еден од најефикасните начини да го постигнеме ова е отворање детски депозит. Оваа банковна услуга е одличен начин за долгорочен влог во финансиската иднина на децата. Авантурата на штедење може да ја започнете со Медо Штедо и детското штедење каде што е предвиден минимален износ од 3.000 МКД и можност за дополнителни уплати за целото времетраење на договор за депозит.
На младите вработени што се посветени на поставување на постулатите на својот живот и се во фаза на инвестиции – одличен избор е Штеден План. Со Штеден План самиот клиент креира план за штедење и има можност да испланира определен месечен износ од своите примања, кој преку траен налог ќе се префрлува на депозитот и на тој начин континуирано ќе го зголемува конкретниот штеден влог. Оваа испланирана заштеда со фиксна каматна стапка за целиот период, како и со можност за дополнителни вложувања, на клиентот му овозможува остварување на посакуваните цели на долг рок и претставува одличен начин за паметно штедење.
За сите клиенти на кои им е потребна флексибилност – го препорачуваме Депозит Прогрес. Депозит Прогрес од Шпаркасе Банка, кој има промотивни услови до крајот на годината, е депозит со растечка камата и флексибилни услови. Во овој случај клиентот остварува сигурна заштеда, бидејќи колку подолго штеди – толку повеќе се зголемува каматната стапка. Кај овој производ постои можност за дополнителни уплати, што го прави особено атрактивен и паметен начин на штедење.
За клиентите што имаат веќе одредени заштеди и честопати велиме дека успеале да се изборат со најголем дел од животните предизвици – паметен избор е традиционалниот депозит. Токму кај традиционалниот депозит во денари – „Депозит Плус“ до крајот на годината имаме промотивна понуда со атрактивни каматни стапки за денарско штедење на 24 и на 36 месеци.
Штедите денес за да имате утре, паметно и внимателно одберете ја банката партнер во остварување на вашите блиски и далечни планови и желби, и не заборавајте ги најмладите и бенефитите што тие може да ги имаат од оваа благородна навика.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и во Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
(Комерцијален текст)