Програмата на Вела Точкаровска

Почитувани,

Вела Точкаровска е измислен лик од велосипедската заедница чија цел е да ги предизвика автоцентричните парадигми нареалните кандидати за градоначалници и советници за локалните избори.

Погледите на Вела се долгорочни и често сметани за непопуларни, но суштински ги решаваат некои од проблемите на градското живеење. Убаво е што поголем дел од реалните кандидати да се охрабрат да преземат дел од нејзините предлози. Ќе биде добро за сите нас.

Да се намали бројот на жртви во сообраќај, загадувањето кое потекнува од сообраќајот, да се зголеми физичката активност и здравјето на населението, да се планира со луѓето во фокус - се прашања за кои носи огромна одговорност локалната самоуправа.

За ова и за уште 10 други прашања Вела зборува во својата програма која ја имате тука (.пдф), како и во блог-постот, тука, на Facebook, тука, а во twitter нишка, тука.

Facebook профилот на Вела е достапен тука.
Twitter профилот, тука.

 

6 октомври 2017 - 11:17