Обука од светски ранг за македонските менаџери и лидери

29 октомври 2025 – започнува програма која е дизајнирана да трае десет сесии, со вкупно повеќе од педесет часа работа, распоредени двапати месечно. Секоја средба ќе обработува по две теми од областа на менаџмент и лидерство, но она што ја прави обуката посебна е континуитетот, секоја сесија е поврзана со претходната и ја гради сликата на целосно разбирање на процесите во современото раководење.

Know How Training Provider за првпат во Скопје ја организира единствената обука за менаџери и лидери развиена според светски признатата Адижес менаџмент методологија. Со повеќе од две децении искуство во едукација на бизнис заедницата, Know How го носи во земјава она што досега беше привилегија на водечките корпорации во светот - системски пристап кон менаџментот и лидерството, кој ја надминува теоријата и нуди практични алатки применливи уште од првиот ден по завршувањето на првата сесија од обуката.

Програмата почнува на 29 октомври и е дизајнирана да трае десет сесии, со вкупно повеќе од педесет часа работа, распоредени двапати месечно. Секоја средба ќе обработува по две теми од областа на менаџмент и лидерство, но она што ја прави обуката посебна е континуитетот, секоја сесија е поврзана со претходната и ја гради сликата на целосно разбирање на процесите во современото раководење. Дополнително, учесниците ќе имаат можност да гледаат видео лекции лично од Др. Исак Адижес, основачот на методологијата, кој зад себе има повеќе од пет децении глобално искуство во трансформација на организации.

„Ова не е уште една теоретска програма, туку обука што ги става менаџерите во реални ситуации и им дава алатки со кои веднаш можат да направат разлика во своите компании“, вели Павле Зимбаков, основачот на Know How Training Provider, нагласувајќи дека целта е да се создаде кадар кој ќе гради нова организациска култура базирана на меѓусебна доверба и почит.

Еден од најсилните адути на оваа програма е користењето на алатката ALIS – Adizes Leadership Indicators Suite за профилирање на лидерски стилови, систем што го применуваат голем број глобални компании, а кој во Македонија ексклузивно е достапен преку Know How. Секој учесник ќе добие бесплатно профилирање, со што ќе може да го препознае сопствениот начин на лидерство и да ги насочи сопствените сили таму каде што ќе има најголем ефект. 

Горди сме што сме единствениот официјален партнер за ALIS на Адижес Институтот во земјава и што на македонските менаџери им овозможуваме пристап до едукација од светски стандарди“, додава Зимбаков.

Обуката е наменета за менаџери и лидери кои веќе управуваат со луѓе и процеси, а бројот на учесници е ограничен на само шеснаесет луѓе. За првата група, цената на целата програма е 64.990 денари, со вклучено бесплатно профилирање, во рамки на периодот на рана пријава до 10 октомври 2025 година.

Вредноста на соработката со Адижес Институтот добива и дополнителна симболика – самиот Др. Исак Адижес е роден во Скопје во 1937 година, во семејство кое оставило трага во историјата на еврејската заедница. Парцелата од неговата родна куќа и дворно место денес е дел од Музејот на холокаустот, откако тој ја донираше на државата со цел да се зачува колективната меморија.

Пријавувањето за обуката е веќе отворено, а сите заинтересирани менаџери и лидери можат да се регистрираат на PZ@KnowHow-TP.com или на телефонскиот број 072 315 315. 
(Комерцијален текст)

7 октомври 2025 - 07:54