Студии изработени во земјите од Европската Унија каде е задолжителна употреба на дневни светла покажуваат дека тие го намалуваат вкупниот број на жртви во сообраќајќи и до 10 проценти.
Во Македонија во последните години има 8 жртви во сообраќај на 100 илјади жители. На два милиона народ, 160, десет проценти од тоа - 16 луѓе годишно се живи благодарејќи на дневните светла и нивниот придонес во безбедноста на сообрачајот.
Српското министерство за сообраќај деновиве го разгледува предлогот за укинување на дневните светла иако сообраќајните стручњаци велат дека аргументите за тоа се апсурдни.
- Ако зборуваме за зголемена потрошувачка на гориво, сакам да нагласам дека повеќе гориво се троши ако прозорците се отворени или гумите недоволно напумпани. Ако се работи за почесто менување сијалици заради постојано запаленото светло, тоа се прави на секои 30.000 изминати километри, значи еднаш на две години на просечен возач, порачува српски сообраќаен инжинер.