
Денешниот активен стил на живеење на модерниот човек налага денови исполнети со квалитетни активности, од утринска рекреација, прошетка низ најмодерните продавници и ексклузивни ресторани до ноќна забава со посета на културен настан. Идните жители на East Gate Living, кој е дел од повеќенаменскиот шопинг и културен центар, ќе добијат можност да живеат современо во внимателно планирана и модерна урбана средина опкружена со многу зеленило.
Визијата за East Gate Living е овозможување позитивни придобивки за неговите идни жители, за посетителите на центарот, но и за целокупната околина. Во рамките на проектот е испланирано зеленило од 25 000 м2 што ќе биде хортикултурно уредено. Тоа ќе се простира околу станбените згради што ќе бидат поставени на идеално растојание една од друга за да постои проток на воздухот и да генерира потребно количество кислород. Токму овој зелен простор, кој секојдневно ќе овозможува прочистување и генерирање чист воздух, ќе содржи нови игралишта во кои најмладите ќе може безгрижно да се забавуваат.
East Gate Living е дело на светски познатиот архитект Керем Јазган, во кое се препознава современиот стил на модерната светска архитектура. Катовите на зградите се позиционирани во каскаден стил и поседуваат голем број разиграни зелени тераси во различни димензии, со цел секој поглед да биде исполнет со зеленило, давајќи му препознатлива импресија на екстериерот. Проектирани според современи стандарди, становите ќе содржат само првокласни материјали што гарантираат А+ енергетска ефикасност за комфорен дом. Современата димензија на становите што ќе бидат достапни во квадратури од 42 м2 до 210 м2 ја потврдуваат системите Smart Home, кои ќе бидат вградени во нив. Современите системи овозможуваат персонализиција на становите согласно стиловите на живот. Со системот мулти-сплит за климатизација се добива контрола врз температурата во секоја просторија одделно за поголема удобност. Метежот и гужвите при паркирање нема да постојат во микросветот на East Gate, каде што се гарантира безбедно и лесно паркирање на возилата во затворени и отворени паркинзи.
East Gate Living позициониран на идеална локација во новото срце на Скопје ги поставува современите стандарди и претставува позитивен пример за урбанистичко планирање што овозможува похумани услови на живот и еколошко влијание. Овој начин на проектирање и градење луѓето сè повеќе го препознаваат како прв избор. Од самиот почеток на продажбата, од компанијата велат дека има огромен интерес и голем број продадени и резервирани станови за идните жители што избраа да живеат современо и активно.
За повеќе информации за тоа како да станете дел од новото срце на Скопје, посетете го следниот линк: https://eastgateliving.mk/
East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.
Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, групацијата БАЛФИН е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и во Холандија, со приближно 6 000 вработени. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.
(Комерцијален текст)