Скопје, 9 Ноември 2015 г. Како дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност, оваа сабота Шпаркасе Банка Македонија заедно со своите вработени активно се вклучија во проект кој има за цел да го разубави амбиентот на децата во Домот за деца без родители „11-ти Октомври", како и „Домот за доенчиња и мали деца - Битола".
Оваа акција, покрај основната цел за разубавување и инспирација за повесело опкружување за децата од домовите, исто така има за цел и поттикнување на еколошката свест кај децата кои оваа сабота заедно со вработените во Шпаркасе Банка се погрижија за создавање на поубав природен амбиент во својот дом.
„Општествената одговорност е една од позначајните стратешки определби на Шпаркасе Банка Македонија, која како интерна култура се негува скоро 2 века во рамките на Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Со посебна грижа се посветуваме на реализацијата на КОО проектите, особено кога станува збор за грижа за општото добро и поддршка на заедницата на која и припаѓаме како компанија. Овој проект го спроведовме со цел на најмладите социјално ранливи групи - децата без родители и родителска грижа да им овозможиме уште поубаво место и услови за живеење, но воедно и нивна едукација како подобро да се грижат за одржување на здрава и чиста околина, како и создавање позитивни навики во секојдневниот живот. Преку нашите активности се надевамe дека ќе дадеме позитивен пример до заедницата и ќе упатиме силна порака дека секој од нас треба да го даде свој личен придонес и активно да се вклучи во акцијата за создавање на еден подобар свет за сите нас."– изјави г-дин Бишев, генерален директор на Шпаркасе Банка.
Реакциите и насмевките на децата најјасно кажуваат за ефектот на оваа хуманитарна акција, додека за задоволството од успешната соработка зборува и г-ѓа Ристенка Атанасова, Директорка на Домот за деца без родители „11-ти Октомври" во Скопје.
„Би сакала да изразам благодарност до Шпаркасе Банка Македонија за реализацијата на овој проект. Атмосферата која се создаде, детската радост e доволен показател дека сме успеале заеднички во тенденцијата да направиме подобар дом за нашите деца, а воедно и да ги научиме нешто повеќе за еколошката свест, која е потребно да се развива од најмали години. Досегашната соработка со Шпаркасе Банка се покажа како доста успешна, па затоа се надевам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да креираме вистински вредности и да помагаме секогаш кога е потребно." изјави г-ѓа Ристенка Атанасова, директорка на Домот за деца без родители „11-ти Октомври".
Корпоративната општествена одговорност е составен дел од идентитетот на Шпаркасе Банка Македонија како дел од Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата. По примерот на својата матична Банка, Шпаркасе Банка Македонија ги спроведува своите традиционални општествено одговорни проекти преку поддршка на проекти во повеќе сегменти, како што се локална заедница, образование, спорт и култура.
(комерцијален текст)