Фондацијата Златна Рипка верува дека моќта на исполнетата желба е посилна од се, а во ова веруваа и нашите ликовни уметници: Жани Гелевска, Јован Балов, Глигор Чемерски, Дита Старова Ќерими, Зарије Амдиу, Шќипе Мехмети, Ване Костуранов, Емил Шулајковски, Нове Франговски и Михаил Корубин кои со своите дела ќе допринесат да ги насмееме дечињата кои се борат за својот живот и да им влееме надеж за подобро утре. Настанот се случуваше во хотел Холидеј Ин.
Аукцијата помина успешно, за што е и потврдата дека се продадоа сите дела кои беа поставени за наддавање. Сите средства кои беа собрани на оваа хуманитарна аукција ќе бидат донирани во Фондацијата Златна Рипка и ќе се искористат за исполнување на желбите на дечињата кои се лекуваат на одделот Онкологија при Клиниката за детски болести.
На хуманитарната аукција се доделија благодарници на поддржувачите на мисијата на Златна Рипка на Универзитетската Клиника за детски болести и Д-р Аспазија Софијанова, Медиа Груп, БМА Бротхерс, Дуна Компјутери, Метрополис Радио, Винарија Тиквеш. Фондацијата Златна Рипка постои една година, и за ова време има исполнето 7 желби на дечињата кои се лекуваат на одделот Онкологија при Клиниката за Дестки болести. Мисијата на тимот кој стои позади оваа фондација е да го разубави секојдневието на дечињата кои се борат за својот живот, преку заживување на нивните мечти и исполнување на нивните сништа.
Фондацијата Златна Рипка испраќа огромна благодарност до сите присутни гости кои учествуваа и прекрасните волонтери од средното училиште НОВА без кои оваа аукција немаше да биде комплетна и успешно реализирана.
Фондацијата Златна Рипка има отворено неколку можности за донација со донација преку отворената жиро сметка.
Жиро сметка 210-0699038001-75
Тутунска Банка АД Скопје
Фондацијата Златна Рипка- Скопје, е поддржана и од трите мобилни оператори и можете да донирате преку СМС порака, 100,00ден +18% ДДВ на следниве броеви:
Од мрежата на Т-мобиле: 070/ 143 - 300
Од мрежата на ВИП : 077/ 143 - 500
Од мрежата на ОНЕ: 075/ 143 – 800
Бидете и Вие Златна Рипка и помогнете ја мисијата на Фондацијата преку донација.
(комерцијален текст)