
„Ист Гејт гифт-картичката“ ќе биде достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари и со тоа ќе биде погодна за дарување во секоја прилика и за најразличен повод. Со својот привлечен дизајн и пакување, со можност за лична посвета, картичката претставува идеален подарок за роденден, венчавка, матура, Нова година или, едноставно, за некого да изненадите или израдувате.
Комерцијална банка и Ист Гејт Мол се погрижија картичката да има голема намена и со неа да може да се купува во продавниците во Ист Гејт Мол кои учествуваат во програмата за прифаќање на картичката, а во кои се достапни најпознатите брендови од модата, козметиката, техниката, спорт, накит... Со тоа подарок- картичката лесно се прилагодува на вкусот на оној кој сакате да го изненадите.
Подарок-картичката ќе може да се купи во сите експозитури на Комерцијална банка низ Републиката, а наскоро ќе биде достапна и на пултови во Ист Гејт Мол. Ќе има важност од 6 месеци од денот на нејзиното купување и ќе може да се користи повеќекратно во тој временски период.
Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол, изјави дека гифт-картичката е реализирана во најбараните износи и е посебно дизајнирана за да одговори на потребите на потрошувачите, а тоа е флексибилност на купување, избор од голем број брендови и продавници, како и услуги. Следните планови на Ист Гејт Мол се
таа да се продава и на пултовите во Ист Гејт Мол, во рамки на работното време од 10:00 до 22:00 секој ден во седмицата.
Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски сметки, изјави дека новата гифт-картичка на Комерцијална банка е уште еден производ направен според желбите и потребите на клиентите. Комерцијална банка во својата широка понуда на кредитни производи и картички за граѓаните ги додаде гифт-картичките како модерно и идеално решение за граѓаните кои сакаат сами да го изберат идеалниот подарок за своите најблиски, а притоа тоа да не им одземе многу време, изјави Чадиковски.
(Комерцијален текст)