Замислете го следново: капки виски минуваат низ три метра јаглен од јавор со цел течноста да омекне. Потоа истата се сместува во специјални, рачно изработени, буриња, каде што созрева. Заборавете на календарот, во овој случај тој не се следи. Само тие што го тестираат одлучуваат кога е подготвено. Значајно е како изгледа, а исто и неговата арома. И да не заборавиме - каков му е вкусот. Сѐ ова не е измислена приказна за некаков рецепт туку точниот начин како самиот Џек Даниел го дестилирал своето Тенеси виски пред повеќе од еден век. Со потполно иста техника тоа се прави и денес.
Годинава се одбележува 150-тиот јубилеј на дестилеријата што Џек Даниел ја основал во Линчбург, веднаш до изворот Кејв Спринг Холоу. Ова место, што наликува како да е извадено од разгледница, е совршено за производство на вискито што во Тенеси се пие од многу одамна. Џек бил екстремно специфичен човек кога било во прашање вискито и затоа, кога го открил споменатиот извор, се решил за потег што секој амбициозен млад човек би го направил: ја купил земјата и се фатил за работа.
Иако Даниел почнал да го прави своето виски неколку милји подолу, во мало пошумено долче на бреговите од Лус Крик, тој се одлучил за вистинскиот чекор кога ја избрал скромната пештера скриена во ридот. Низ неа тече чиста, студена, изворска вода во која што нема железо. Недостатокот на железо во водата е особено битно. Фрлете само игла во буре со виски и ќе видите зошто: железото ќе го уништи пијалокот и неговата прекрасна килибарна боја ќе ја направи здодевно црна. Иако во неа нема железо, водата од овој извор изобилува со неколку други минерали, извлечени од наслагите варовник типични за Тенеси, додека се спушта до пештерата. Минералите во оваа вода придонесуваат да се создаде карактерот на вискито Џек Даниелс.
Очигледно е дека бајковитата околина, како и квалитетот и квантитетот на водата, сите заедно го прават Кејв Спринг совршено место за произведување добро виски. Токму затоа статуата на Мистер Џек е поставена на ова место, на отворот на пештерата, за и денес да внимава на својата креација. Овој извор е причината зошто Џек дошол на ова место, а и поради тоа дестилеријата и денес тука е сместена. Секоја капка од Тенеси вискито Џек Даниелс, кое што се ужива во над 140 земји во светот, е направено со вода од изворот Кејв Спринг, избран и пронајден токму од основачот на дестилеријата.
Стариот „Број 7“, како што ова виски, исто така, е познато, не е само направено во Линчбург, туку е направено и од Линчбург. Тоа е произведено од водата во изворот Кејв Спринг Холоу, но и од гордоста и макотрпната работа на генерации мажи и жени кои на истото место го прават век и половина. Ова е најдобрата приказна за доследност уште од 1866 година.
Да дознаете повеќе за Џек Даниелс и за 150-годишнината на дестилеријата посетете ја интернет-страницата www.jackdaniels.com.
(комерцијален текст)