Донација од стопанска банка за топли празници за сите

Стопанска банка АД - Скопје традиционално и овие новогодишни празници во соработка со Црвениот крст на Македонија ја реализираше заедничката хуманитарна акција „Топли празници за сите".

Денес во просториите на ДХО "Даре Џамбаз" дел од вработените на Банката доделија празнични пакети со храна на корисници на услуги на Црвениот Крст на Република Македонија.
Донацијата се состои од најнеопходни прехрамбени производи за едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани на повеќе пунктови низ Републиката, со цел да им се помогне на социјално загрозените семејства кои и празниците ги поминуваат во тешки услови.

"Главната идеја со оваа традиционална донација која Стопанска банка ја реализира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија е да ја заокружиме една од најуспешните години за Банката преку насочување на финансиските и човечките ресурси за справување со социјалните предизвици и да им помогнеме на повеќе семејства да имаат побогата празнична трпеза.
Сите наши иницијативи ги охрабруваат вработените на солидарност, пријателство и соживот, како и подобро разбирање на потребите на семејствата и поединците од ранливите категории. Во името на Стопанска банка Скопје и на членовите на Управниот одбор на Банката им ги честитаме празниците на сите граѓани на Република Македонија, и се надеваме дека со оваа помош на дел од нив ќе им ги разубавиме овие денови - изјави Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска банка

 

(комерцијален текст)

 

29 декември 2015 - 13:57