
Samsung Electronics воспостави дизајнерски идентитет за серијата телефони Galaxy со верување дека оригиналноста доаѓа од комбинација на длабоко размислување, обемно истражување, време и напор. Следењето на овој процес овозможува додавање на нови вредности кои ги подигнуваат стандардите за премиум смартфоните, па на овој начин Samsung континуирано успева да го подобрува дизајнот на паметните уреди Galaxy, притоа задржувајќи ги основните вредности.
Суштината е во оригиналноста
За серијата Galaxy S, Samsung отсекогаш се труделе да развијат едноставна и рамна форма која ги усогласува технологијата и дизајнот без да ги открие границите меѓу нив. Со мазни, елегантни линии кои потсетуваат на заобленоста на песочните дини, умереноста и силата коегзистираат во поедноставена форма на серијата S, а тоа е особено забележливо кога станува збор за моделите S22 , S22 + 5G и S22 Ultra 5G.
Убавината е во симетријата
Дизајнерската филозофија на серијата Galaxy S дава приоритет на истакнување само на најважните елементи, со цел да се воспостави единствен идентитет. Во случајот со серијата Galaxy S22, тоа значи оплеменување на уредот со рамен дизајн и симетрични предни и задни делови. Деталите на страните се намалени сè со цел телефоните да изгледаат мазно од кој било агол. Дополнително, распоредот на Galaxy S22, S22 + и S22 Ultra 5G е редизајниран како би се воспоставил дизајнерски идентитет кој ќе го задржи серијата Galaxy S. Кога станува збор за моделите S22 и S22 +, камерата е поставена на таков начин што е подеднакво оддалечена од хоризонталните и вертикалните рабови на уредот, што создава уште попрефинет впечаток. За да го спречи излегувањето надвор, Samsung ја намали големината на камерата со оптимизирање на нејзиниот дизајн. Металната рамка во огледалото воспоставува сосема нов изглед, што му овозможува да се усогласи со телото и да постигне уникатен визуелен ефект.
Ноќната фотографија на ново ниво
Новите револуционерни карактеристики Nightography од серијата Galaxy S22 нудат 23% поголем сензор и Adaptive Pixel технологија тоа значи дека камерата пропушта повеќе светлина, одлично забележува детали и дава живи бои кои ќе овозможат вашата содржината да се истакнува, дури и кога е темно. Пикселите се собираат во групи кои стануваат еден поголем пиксел, пуштајќи повеќе светлина за да ја направат фотографијата посветла. Потоа започнува обработката со ниска бучава за да донесе поостри резултати. Големи пиксели = повеќе светлина = светли, јасни слики. На ова се надоврзува Super Clear Glass кој го намалува отсјајот на објективот — сè за ноќните фотографии и видеа да бидат јасни како ден. Најголемиот напредок во видео технологија на Galaxy S22 и S22+ e автоматската брзина на кадри која ја совпаѓа брзината на fps со опкружувањето, а Super Night Solution ја отстранува бучавата во секој кадар за висококвалитетни, живописни снимки без разлика дали си на сонце или под ѕвездите.
Професионалната камера на Galaxy S22 и S22+ снима чисти, стабилни видеа кои остануваат глатки дури и додека сте во движење. OIS аголот на корекција е подобрен за 58 % и работи со побрзо снимање на движењата за да ги стабилизира снимките. Така, вашето секојдневие станува незаборавно и разнобојно со Super HDR што го снима со 64x повеќе информации за боја, дури и кога фотографиите се со заднинско осветлување. Со само еден допир можете да ги подобрите своите фотографски вештини. Овозможете ги Detail Enhancer и Режимот со висока чувствителност пред да ја активираш блендата.
Дизајн кој ја одржува новата ера
Со дизајнот на уредот Galaxy S22, Samsung се стреми да обезбеди оптимално мобилно искуство кое влијае на уникатните преференции и начин на живот на корисниците. Со ова, Samsung им овозможува на корисниците да ги користат своите мобилни уреди како што сакаат, поддржувајќи попријатни мобилни искуства кои ги задоволуваат секојдневните потреби, а тоа секако му овозможува на Samsung да создаде поголема вредност и посветла иднина за заедницата и општеството.
За повеќе информации за моделите, посетете ги следните линкови:
S22 i S22+: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/
S22 Ultra 5G: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/
(Комерцијален текст)