Битола – центар на првата ASMR реклама во Македонија!

Во вторник, на 21.03.2023, со почеток во 18:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола ќе започне снимањето на првата ASMR реклама во Македонија!

Ѕвездата на рекламата ќе биде сладоледот Метрополи од битолската компанија Цермат, која повторно поставува трендови кога е во прашање квалитетот и иновативноста.

ASMR како термин и светски тренд инициран од специфични активирачки аудио или визуелни стимули, предизвикува чувства на удобност и релаксација, а деловите на мозокот кои се активираат се поврзани со хормони како допамин, окситоцин и ендорфин, истите кои се активирани и со уживање во најслаткото задоволство – сладоледот 😊

Снимањето ќе биде од отворен тип, а за сите битолчани кои ќе одлучат да присуствуваат и одблизу да погледнат како изгледа една ваква продукција, Цермат подготви специјални изненадувања 😊

(Комерцијален текст)

20 март 2023 - 14:33