CNN го купува Mashable

Неумешноста да создаде било што на тема социјални медиуми, СиЕнЕн ќе го чини над 200 милиони долари. За возврат ќе го добие блогот за социјални медиуми Mashable.

Според извештајот на Ројтерс од SXSW конференцијата, договорот меѓу двете компании е готова работа, и се очекува тој да биде објавен во вторник.

Инаку, СиЕнЕн веќе подолго време соработува со Мешабл, а основачот на компанијата, Пит Кашмор, пишува колумни за медиумскиот гигант.

Доколку се остварат шпекулациите, ова ќе биде уште една во серијата аквизиции на блогови за технологија, откако АОЛ го купи TechCrunch (25 милиони долари) а SAY media го купи ReadWriteWeb (за помалку од 5 милиони долари).

Основан во 2005-та во Шкотска, Мешабл има 20 милиони единствени посетители месечно и над 4 милиони следбеници на социјалните мрежи.

 

12 март 2012 - 11:51