По ново кога ќе бараш некоја фирма или дејност преку Гугл, во резултатите со посебна иконка ќе бидат обележани бизнисите во сопственост на црнци.
Опцијата е пуштена во оптек за сите, а секоја фирма преку својот бизнис профил на Гугл ќе треба да го пријави овој статус. Тоа што не е јасно е како Гугл ќе може да потврди дали некој е сопственост на црнци или не.
Воведувањето на новата опција следува откако последниве неколку месеци Гугл забележува раст на пребарувања на „фирми во сопственост на црнци“.
Веројатно пред само десетина години истата оваа опција што ја воведува Гугл ќе беше правилно толкувана како расистички испад, кој дополнително ќе го гетоизира тамошното црнечко население, или како листа на сите дуќани што треба да се избегнуваат / вандализираат од страна на секого кој е заинтересиран за тоа.