Во октомври 2011-та, холандскиот сајт GeenStijl.nl објави статија во која линкуваше до голишавите слики од холандската тв водителка Брит Декер, направени за декемврискиот број на Плејбој. Линкот беше до зип фајл објавен на FileFactory.com.
Судот смета дека објавувањето на хиперлинкот од страна на GeenStijl преставува публикување, како што е тоа дефинирано во холандскиот закон за авторски права (член 12). Во основа, поставувањето на хиперлинк не се смета за публикација освен ако не се исполнат трите услови: да има интервенција, да има нова публика и профит.
- Интервенција: Објавените фотографии на Брит Деккер биле сместени на FileFactory, сервис за чување и споделување фајлови. Како и да е, овие фајлови не можат да бидат најдени преку сервисите за пребарување, туку се достапни само ако корисникот го има правилното УРЛ за да пристапи до нив. УРЛ до фајлот не е јавно познато, се додека GeenStijl не го направи достапно за публиката објавувајќи статија за него. Заради ова, постапките на GeenStijl се сметаат за интервенција, според судот. Без оваа интервенција, јавноста не би можела да пристапи до сликите пред нивното објавување во Плејбој.
Нова публика: Според судот, немало публика за сликите пред GeenStijl да ги објави во својата статија.
Профит: Објавувајќи УРЛ до сликите, GeenStijl имал неспорна намера да привлече повеќе посетители. И ова било успешно, бидејќи според статистиките ова е најчитана статија на GeenStijl.
Земајќи ги трите услови во предвид и околностите на случајот, судот заклучил дека GeenStijl ги нарушил авторските права на Санома.
Санома, сопственикот на Плејбој лиценцата за Холандија побара од FileFactory да го избрише зип фајлот. По ова GeenStijl.nl ги објави фотографиите на ImageShack, кои по барање на Санома ги избришаа. По ова GeenStijl објави уште две статии со линкови до фотографиите.