Универзитетите Индијана и Нортистерн развија систем наречен Ботометар, кој анализира над 1000 фактори, од самите твитови (вклучувајќи ги и метаподатоците од нив и од каде се објавени) до составот на луѓе што следат одреден Твитер профил.
"Користиме голем опсег на сигнали за да го пресметаме резултатот. Во зависност од однесувањето на луѓето, различни каратеристики можат да откријат она што нè интересира," објаснува Онур Варел од Нортистерн Универзитетот.
Во теорија, се што ќе добие оценка под 40% треба да е човек, и уште поважно околу резултатите е дека системот уште ја штелува својата прецизност.
На пример сите "организациски Твитер сметки" како @BarackObama, Ботометар ги води како ботови.
Без разлика како ќе ви оди со оваа алатка, Твитер и понатаму ги нуди двете најдобри решенија за дератизација на вашето Твитер искуство: “Block” и “Mute”.
Ботометар тука