„За оние од вас кои веќе се имате одлучено и само сакате изборите да завршат, ве чувме - па затоа ја воведуваме опцијата за гасење на политичките реклами,“ порачал Закерберг во текстот објавен во УСА Тудеј.
Опцијата важи и за корисниците на Инстаграм и ќе биде достапна директно на политичка реклама што ќе се појави или во подесувањата на профилот.
Под „политички“ се опфатени и изборни реклами и реклами за општествени прашања од кандидатите или од организации кои ги платиле во нивно име.
Опцијата ќе биде пуштена во САД во следните неколку недели, а од есен и во остатокот од светот.