100-те најголеми на интернет

Или глобалните он-лајн статистиките на кои се базира милијарди долари вредна индустрија за рекламирање се комплетно погрешни, или сите лажете дека не гледате порно, затоа што трето објаснување нема како два порно сајтови се најдоа меѓу десетте најпосетени за годинава на светско ниво.

Само Баиду (кинескиот Гугл), канадски Порнхаб и чешки Иксвидеос успеваат колку толку да ја нарушат комплетната доминација на американски веб-страни во топ 10 најпосетувани.

Далеку пред сите на листата доминира основната верзија на Гугл пребарувачот (Google.com) со речиси 60,5 милијарди посети месечно (не импресии, туку посети). Згора на ова локалните верзии на Гулг (.бр .фр .ит ...) се раштркани низ топ 100 листата. Пребарувачот на Гугл доминира на речиси сите пазари низ светот, со исклучок на Русија (Јандекс) и Кина (Баиду).

На второ место на списокот е Јутјуб со 24 милијарди посети, а трет е Фејсбук со неполни 20 милијарди посети месечно.

100-те најголеми сајтови за еден месец (јуни 2019) генерирале 206 милијарди посети.

60 од топ 100 сајтови се од САД (ако се бројат и меѓународните домејни на американските сервиси, на пример Amazon.de или Google.fr). На второ место е Кина со 15, Јапонија има 6, Русија има 5, па следуваат Британија со 4 и Канада со 3 (од трите канадски во топ 100, едниот е Порнхаб, а другиот е Редхаб).

 

Уште поголема верзија, тука

25 декември 2019 - 14:09