Зошто е најдобро да купувате мебел во лето?

Додека некои луѓе летно време сакаат да се релаксираат на плажа со коктел во рака, за други, долгите и топли летни денови се идеално време за освежување на нивниот дом или викендица. Така, годишниот одмор се претвора во работна акција, а доколку сте размислувале за купување нов мебел, летото е идеално време. Еве неколку причини зошто:

1. Големи сезонски намалувања и попусти

Летото е време кога многу продавници организираат големи сезонски распродажби со цел да направат простор за есенските и зимските колекции. Ова е совршена можност за купувачите да ги искористат попустите и намалувањата на различен тип мебел и украси кои ќе го направат нивниот дом поубав и пофункционален.

Овој период во салоните на Прима има бран на големи летни намалувања, па токму затоа сега е идеално време за мали или поголеми реновирања. Дојдете во салоните на Прима до 7 август, додека траат летните попусти и опремете го вашиот дом со заштеда до 60%.
 
2. Повеќе слободно време

Повеќето го земаат годишниот одмор во лето, па на тој начин си овозможуваат повеќе слободно време да го реновираат и освежат својот дом. Многумина пак, слободното време го користат размислувајќи за тоа кое парче мебел да го купат, со цел да создадат поудобен и пофункционален простор. Овој период, без да обрнувате особено внимание на секојдневните обврски, имате можност целосно да се посветите на уредувањето на домот, внимателно избирајќи ги парчињата кои најмногу ќе одговараат на вашите потреби и стил.

3. Потребата за повисоко ниво на удобност и функционалност

Летото, исто така е одличен период за квалитетно да го поминете слободното време, па затоа многу домови стануваат центар за собирање на семејството и пријателите. Купувањето нов мебел секако дека ќе ја подобри удобноста и функционалноста на просторот за различни активности, од опуштени собири во дневната соба до свечени вечери во трпезаријата. Новиот мебел ќе го трансформира вашиот простор, правејќи го поудобен и попривлечен за сите гости.

4. Комотно пробување мебел во салоните

Топлите летни денови се идеални за посета на салоните за мебел. Намалалениот сообраќаен метеж ги олеснува условите за возење, а релаксираната атмосфера во разладените салони им овозможува на клиентите темелно да го разгледаат и пробаат мебелот, осигурувајќи се дека го прават најдобриот избор за нивниот дом.

Без брзање и притисок, можете внимателно да размислите за секое парче, да седнете на некоја од гарнитурите или пак да легнете на некој од креветите и да донесете правилна одлука.

5. Можности за реновирање и ремоделирање

Долгите денови и поволните временски услови го олеснуваат завршувањето на секојдневните обврски, а купувањето мебел во тој период бездруго е најдобра опција. Доколку барате нова гарнитура за дневната соба, елегантна трпезариска маса или нова кујна, летото во салоните на Прима е вистинско време за освежување на вашиот дом.

(Комерцијален текст)

30 јули 2024 - 13:03