Говорејќи за состојбата на безжичната индустрија, Рандал Стивенсон даде неочекувано искрени коментари за Ајфон, посебно за грешката што ја направиле кога понудиле неограничен месечен сообраќај.
"Единствено ми е жал како на почетокот го наплаќавме интернетот. Триесет долари и добиваш колку сакаш. А тоа е модел со варијабилен трошок. За секој дополнителен мегабајт што ќе го потрошиш на оваа мрежа, јас морам да инвестирам капитал," објаснил Стивенсон.
Компанијата во 2010-та го укина овој модел и воведе ограничен интернет, за во последниот квартал од 2012. да пријави приходи од 1,6 милијарди долари само од мобилен интернет.
Иако ова им е решено, Стивенсон има мака да се справи со новите сервиси, кои можат да ги заменат услугите што ги нуди компанијата.
"Навечер лежиш буден, грижејќи се за што е следната работа што ќе го наруши твојот бизнис модел. iMessage на Епл е класичен пример. Ако го користиш него, значи не користиш еден од нашите сервиси за пораки, така? Тоа го нарушува нашиот предвиден приход од пораките," изјавил директорот на телекомот.
Тој исто така се пожалил и на Скајп, кој заради подобрувањето на квалитетот на мобилните мрежи станува закана за АТ&T.